ПРИКАЗНИ, РАСКАЗИ, ХРОНИКИ, АНЕГДОТИ

Publisher: БАТА ПРЕСС | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: / | Num. of pages: 252 | Dimensions: (B5) 170 x 240 | Cover: мека

Назим Хикмет е роден во Солун на 20 ноември 1901 година, а умрел во Москва на 3 јуни 1963 година. Во 1919 година  завршил поморска академија. Toj е еден од најплодните и најпознати турски писатели на дваесеттиот век, но поради неговите левичарски погледи и творештво не бил прифатен и бил под цензура од властите во родната земја. Современа Турција, целосно го рехабилитира големиот творец и во повеќе изданија се објавени неговите многубројни дела.
Овој поет и писател со благородничко потекло, во текот на целиот свој живот ѝ останува верен на социјалистичката идеја. Меѓутоа, неговото творештво не запаѓа во сувопарното изразување на соцреализмот, туку тој со своето стилско изразување успева да побуди голем интерес во книжевните кругови. Дури во позниот период на своето творештво Назим Хикмет пишува стихови на тема за убава иднина, мечтаење за татковината и за љубовта. За негово најголемо дело се смета збирката поетски книги Призори од мојата татковина (‘Memleketimden İnsan Manzaraları’) што во Турција е објавена по неговата смрт 1966-67 година. Други познати поетски дела му се: 835 стиха (‘835 Satır’),1929; Градот што си го изгуби гласот (‘Sesini Кaybeden Şehir’), 1931; Писмата до Таранта Бабу (‘Taranta Babu’ya Mektuplar’),1935. Автор е на драмите: Череп (‘Kafatası’) 1932; Домот на еден мртовец (‘Bir Ölü Evi’), 1932; Заборавениот човек (‘Unutulan Adam’), 1935; Ферхад и Ширин (‘Ferhat ile Şirin’), 1965, како и на романите Крвта не е ништо (‘Kan Konuşmaz’), Иван Иванович дали постои или не? (‘İvan İvanoviç Var mıdır Yok Mudur ?’), Убаво е да се живее бре брате (‘Yaşamak Güzel Bir Şey Be kardeşim’), како и на голем број на раскази, приказни, хроники и статии во весници и списанија, сценарија за филм,  оперети и преводи на текстови.
Во петтиот од седумте тома со избрани дела на Назим Хикмет, што на македонски јазик ги објавува книгоиздателството Бата прес, се собрани статии со раскази, приказни, општествени хроники, хуморески и анегдоти што авторот Назим Хикмет под различни псевдоними ги објавувал во различни весници и списанија во Турција, главно во периодот меѓу двете светски војни. 
Пред објавувањето на избраните дела во седум тома, нашето книгоиздателство од Назим Хикмет на македонски јазик ги објави поетската книга Последни песни и драмата Ферхад и Ширин. Делата на Назим Хикмет нашето книгоиздателство ги објавува со поддршка на Министерството за култура на Република Турција, во рамките на ТЕДА проектот. 

Price: 400 ден

5 in stock

Compare
Sold By БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product ПРИКАЗНИ, РАСКАЗИ, ХРОНИКИ, АНЕГДОТИ

Category:
SKU: 9786084654636

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “ПРИКАЗНИ, РАСКАЗИ, ХРОНИКИ, АНЕГДОТИ”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in