Примерни новели

Publisher: Арс ЛИБРИС | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Novelas Ejemplares | Num. of pages: 494 | Dimensions: 135х200 | Cover: /

Во историјата на книжевноста Мигел Сервантес е познат како автор на Дон Кихот, првиот модерен европски роман, канонско дело на западната литература, кое дури и денес и за книжевната критика и за книжевната публика претставува едно од најдобрите и најзначајните дела во историјата на литературата. Но, освен овој роман, опусот на Сервантес опфаќа и неколку други дела што претставуваат врвни литературни остварувања и неизбежен сегмент од секој сериозен приказ на светската книжевност, a едно од тие дела е токму Примерни новели.


Примерни новели претставува збирка од дванаесет подолги раскази пишувани во периодот меѓу 1590 и 1612 година, а објавени во 1613 година. Оваа книга се појавува во јавноста во период кога првиот том од Дон Кихот е веќе објавен и кога Сервантес полека стекнува кредибилитет и статус на почитуван автор. Иако се работи за подолги раскази, Сервантес во предговорот не ja објаснува употребата на терминот новели, нагласувајќи дека тој е првиот шпански автор што го презема сè попопуларниот жанр на романот (т.е. новелата), бидејќи смета дека токму тој книжевен вид и стилски, и жанровски, и содржински одговара на неговата намера да создаде книжевен приказ на општествените, историските и политичките аспекти на своето време и истовремено да се надоврзе на традицијата на дидактичната книжевност.

Price: 350 ден

30 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Примерни новели

Category:
SKU: 9786082300443

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Примерни новели”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in