Принцезата и трите ангелчиња
Автор:
М-р Ели Маказлиева
Издавач:
Едука Мак |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
ПРИНЦЕЗАТА И ТРИТЕ АНГЕЛЧИЊА |
Бр. на страни:
16 |
Димензии:
22х22
|
Корица:
/
Оваа книга за деца има цел: пренесување воспитни пораки кај децата за зачувување на традиционалните вредности, народните обичаи и прослави на семејни празници, пораки за односот на доброто и лошото, како и морални поуки „помогни му на тој што е во неволја“ за победа на доброто врз злото. Книгата е всушност реалистично раскажување со фантастични елементи, со цел да се развие имагинацијата кај децата, а истовремено да се запознаат старите обичаи за Велигден. Содржината (текстот и илустрациите) е магична приказна со длабоки пораки и скриени значења што ги отсликува семејните односи како вовед, со нагласена позиција на богатите (претставени преку замислениот лик на принцезата) во споредба со сиромашните (дворјаните, лазарките). Принцезата е олицетворение на секое македонско девојче кое со радост го дочекува големиот празник Велигден. Трите ангелчиња се олицетворение на добрината, грижата и правдата, а злобната вештерка асоцира на завидливоста, лошотијата и злобата. Сето тоа низ ликовите е прикажано во едно нереално време и нереални случки, со реален настан, впрочем како кај секоја бајка.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.