Принципи на меѓународното инвестициско право

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2011
Original title: Principles of International Investment Law | Num. of pages: 480 | Dimensions: 152х233 | Cover: /

Во оваа книга е даден преглед  на принципите што се основа на меѓународното право за странски инвестиции. Главниот фокус е врз правото што ги третира билатералните и мултилатералните договори за инвестирање. Притоа, се анализираат намената, контекстот и еволуцијата на клаузулите и на одредбите што се карактеристични за современите инвестициски договори, како и судската практика во однос на истите.
Особено внимание е посветено на општите правила во договорите чиешто разбирање главно се обликува преку нивното толкување и примена од страна на меѓународните трибунали. Во книгата, меѓу другото, дадени се прикази на механизмите за решавање спорови при спроведување на инвестициското право, со краток приказ за начините на кој функционира арбитражата кога имаме предмет инвеститор против државата.
Авторите на ова дело, Рудолф Долцер (професор по право на Универзитетот од Бон, Германија) и Кристоф Шројер (професор по меѓународно право на Универзитетот од Виена, Австрија) нудат еден систематски и аналитичен текст кој нуди идеален вовед во принципите на меѓународното инвестициско право, како за студентите така и за практичарите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(2 customer reviews)

Price: 2390 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Принципи на меѓународното инвестициско право

Category:
SKU: 978-608-229-085-0

2 reviews for Принципи на меѓународното инвестициско право

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in