Принципи на меѓународното право
Меѓународното право постојано го трансформира светот во кој живееме. Многу од секојдневните случувања, во кои сме директно или индиректно вклучени, се случуваат во средина во која владеат транснационални правила. Тие правила се разработени во оваа книга. Објаснета е основата на меѓународното право: неговата природа, неговата историја и неговите теоретски основи. Воедно, наведени се и субјектите што го овозможуваат тоа: државите, меѓународните организации итн. Разработен е начинот на кој се создава, толкува и се спроведува меѓународното право, како и механизмите за решавање на споровите. Се разгледуваат човековите права, правото за животната средина, меѓународните злосторства, правилата за војување, меѓусебните врски на меѓународното и националното право, со посебен осврт на американското право за надворешни односи. Целта на авторот Шон Д. Марфи (професор по право при Универзитетот „Џорџ Вашингтон“) не е да обезбеди сеопфатен преглед на сите погоре наведени теми, бидејќи за тоа би биле потребни уште илјадници страници, туку да ги наведе главните принципи и да обезбеди основни информации за студентите и за практикантите, со соодветна дополнителна литература за понатамошни усовршувања. За да се задржи живоста на материјата, дадени се релевантни и современи примери на спорови во кои е применето меѓународното право. Иако централно место во оваа книга има меѓународното право, посветено е одредено внимание и на новите трендови во меѓународната соработка – огромното влијание на невладините организации. За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 review for Принципи на меѓународното право
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –