Принципи на образованието за бизнис маркетинг: Водич за универзитетскиот наставно-научен кадар и креаторите на политики

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Fundamentals of business marketing education: A guide for university-level faculty and policymakers | Бр. на страни: 322 | Димензии: 148x210 | Корица: /

Целта на оваа книга е создавање ефективни бизнис-предмети и наставна програма. Во неа се истражуваат основните дилеми што се јавуваат при предавањето на предметите од маркетингот B2B на сите универзитетски нивоа. Ќе сретнете искази за оваа област од членовите на меѓународната мрежа на наставници и на професионалци што зборуваат за најважните прашања со кои се среќавате додека ја развивате наставната програма и додека ја формулирате политиката, земјаќи ги предвид општествените и економските аспекти при справувањето со практичните, методолошките и со теоретските прашања од бизнис-маркетингот.
Уредник на ова издание е проф. д-р Џ. Дејвид Лихтентал од катедрата за маркетинг во училиштето за бизнис „Зиклин“ при колеџот „Барух’ од Универзитетот од Њујорк. Тој е и соработник за истражување на Институтот за проучување на бизнис-пазари од Пенсилванија. Воедно, има четиригодишно искуство во корпоративен маркетинг и во маркетинг-истражувања што произлегуваат од соработката со водечките производители на канцелариски материјали.
Текстот претставува своевиден манифест за развојот на образованието по маркетинг
B2B за целата следна декада. Собрани се на едно место дел од водечките светски истражувачи на оваа област. Многу корисен ресурс за сите факултети по бизнис, универзитетите и владата, во нивното насочување кон развојот на образовната политика. Опфатени се сите нивоа: дипломски, мастер, докторски и специјалистички...
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
ekonomija@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1490 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Принципи на образованието за бизнис маркетинг: Водич за универзитетскиот наставно-научен кадар и креаторите на политики

Категорија:
ИСБН: 978-608-4535-75-1

1 оценка за Принципи на образованието за бизнис маркетинг: Водич за универзитетскиот наставно-научен кадар и креаторите на политики

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in