Природно лекување со сокови од зеленчук

Издавач: Мартина | Јазик: македонски | Година: 2007
Оригинален наслов: Природно лекување со зеленчук | Бр. на страни: 115 | Димензии: 17х12 | Корица: /

Природата им подарила на луѓето најразлични видови овошни и зеленчукови плодови кои нне само што се вкусни туку се и корисни. Природните сокови, паралелно со другата термички непреработена храна, се своевидни ’градители’ на нашиот организам, и затоа мора да настојуваме да ги користиме секојдневно. 
Оваа книга содржи информации за традицијата на сокотерапијата, за тоа како во минатото луѓето ги откриле не само вкусните туку и лековитите квалитети на соковите, како и начинот на нивната примена при лекувањето на конкретните болести.
Секое лекување треба да започне со прочистување на организмот. Тоа може да се постигне со редовното користење на соковите од сировите плодови. Со помош на природните сокови не само што може да се излекувате од болестите туку може и да се ослободите од прекумерната тежина.
Соковите од зеленчук првенствено учествуваат во изградбата на клетките и ткивата во организмот. Исто така тие имаат широка употреба и во козметиката.
Од книгата Природно лекување со сокови од зеленчук ќе се запознаете со:
- Лековитите својства на зеленчукот
- Прочистувањето на организмот по пат на сокотерапијата
- Комбинациите од соковите за здравјето
- Рецептите против најразличните болести
- Козметиката
Се надеваме дека информациите што ќе ги пројдете во овва книга ќе бидат драгоцени за вас.
 

Цена: 120 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Природно лекување со сокови од зеленчук

Категорија:
ИСБН: 978-9989-901-34-8

Questions and Answers

You are not logged in