Природно лекување со сокови од зеленчук
Author:
Норман Вокер
Publisher:
Мартина |
Language:
македонски |
Year:
2007
Original title:
Природно лекување со зеленчук |
Num. of pages:
115 |
Dimensions:
17х12
|
Cover:
/
Природата им подарила на луѓето најразлични видови овошни и зеленчукови плодови кои нне само што се вкусни туку се и корисни. Природните сокови, паралелно со другата термички непреработена храна, се своевидни ’градители’ на нашиот организам, и затоа мора да настојуваме да ги користиме секојдневно.
Оваа книга содржи информации за традицијата на сокотерапијата, за тоа како во минатото луѓето ги откриле не само вкусните туку и лековитите квалитети на соковите, како и начинот на нивната примена при лекувањето на конкретните болести.
Секое лекување треба да започне со прочистување на организмот. Тоа може да се постигне со редовното користење на соковите од сировите плодови. Со помош на природните сокови не само што може да се излекувате од болестите туку може и да се ослободите од прекумерната тежина.
Соковите од зеленчук првенствено учествуваат во изградбата на клетките и ткивата во организмот. Исто така тие имаат широка употреба и во козметиката.
Од книгата Природно лекување со сокови од зеленчук ќе се запознаете со:
- Лековитите својства на зеленчукот
- Прочистувањето на организмот по пат на сокотерапијата
- Комбинациите од соковите за здравјето
- Рецептите против најразличните болести
- Козметиката
Се надеваме дека информациите што ќе ги пројдете во овва книга ќе бидат драгоцени за вас.
Questions and Answers
You are not logged in