Продавниците со боја на цимет / Санаториумот во знакот на Клепсидрата

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Sklepy cynamonowe / Sanatorium pod Klepsydrą | Бр. на страни: 408 | Димензии: 180x110 | Корица: мека

„Продавниците со боја на цимет“ и „Санаториумот во знакот на Клепсидрата“ се збирки раскази што ги раскажуваат семејните случки на трговско семејство од едно мало гратче, каде што не е тешко да се забележи сличноста со Дрохобич, родниот град на писателот. Авторот на тие случки им додава митолошки вредности, што е карактеристичен Шулцов начин на изразување – честопати визионерски, ониричен и поетски. Па, така, тоа е „митологизирана реалност, преработена од фантазијата, артистички деформирана и збогатена со огромен број референции или алузии кон многубројни литературни дела, возвишени митови и други поегзотични подрачја на реалноста“. Реалноста на расказите слободно се меша со фантастиката. Предметите честопати имаат својства на живи суштества, животните добиваат човечки карактеристики, банални чинови се возвишувани до рангот на митовите. Младиот Јузеф, кој ја има функцијата на наратор, особено е фасциниран од Таткото, повеќезначен лик, којшто функционира на границата помеѓу живите и мртвите.

Цена: 450 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Продавниците со боја на цимет / Санаториумот во знакот на Клепсидрата

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-82-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Продавниците со боја на цимет / Санаториумот во знакот на Клепсидрата”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in