Професори на смртта. 1, Носачите на ковчегот
Author:
Дејан Лучиќ
Publisher:
Топер |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Професори смрти. 1, Носачи ковчега. |
Num. of pages:
376 |
Dimensions:
145/205
|
Cover:
тврда
Во „Носачите на ковчегот“, првата книга од серијата „Професорите на смртта“, ви го разоткривам методот на работа на Ројал трибунал при планирањето атентати. Ројал трибунал го сочинуваат британската Круна и главните претставници на семејствата Ротшилд и Рокфелер. Атентаторите денес, нагалено, се наречени „бабини момчиња“ – тие се невидливи и инфилтрирани во разузнавачките служби: МИ-6, ЦИА, КГБ, ФСБ, ДГСЕ, БНД, но и во УДБ и во нејзините наследници БИА, ВБА, ВОА. Политичарите што ги гледате на телевизија се под нивна контрола и се плашат од нив затоа што „бабините момчиња“ не се тука за да ги чуваат, туку за да ги плашат. Работата на политичарите е да го спроведат предвиденото, а не да работат за државата. Ве научив како да ја следите трагата на парите! Сега одиме на повисоко ниво – ја следиме трагата на крвта. Професорите на смртта ќе ви откријат како се елиминираат политичари, разузнавачи, интелектуалци... кои сакаат да ја спасат својата земја од колонијализам. Тргнуваме од Русија, одиме преку Југославија и стигнуваме до Србија. Во Србија, во рамките на сите разузнавачки служби, цивилни и воени, се наоѓаат агенти на Ројал трибунал, кои поупатените ги сметаат за „американски луѓе“, или за англиски, француски, германски. Заради спроведување на оперативните задачи тие, на пониско ниво, имаат свои агенти – професори на смртта, кои работат за тие што ги сакаат! Затоа на тоа пониско ниво често се регрутира со лажно тврдење – дека зад сето тоа стои Москва. Стилот на работа на „бабините момчиња“ е тројна измама. На пониско ниво од професорите на смртта се наоѓаат нивните соработници, носачите на ковчегот, односно егзекуторите, кои го вршат техничкиот дел од работата – атентатите! Да тргнеме во авантура и да откриеме како работат професорите на смртта. Тие се тука, меѓу нас! Ќе ги откриете наскоро. Самите ќе се јават! Со почит, Дејан Лучиќ
Reviews
There are no reviews yet.