Проклетството на Палмизанови

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: La ǂmaledicció dels Palmisano | Бр. на страни: 316 | Димензии: 21 | Корица: мека

Тој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. повторно ќе се врати времето на црешите, без оглед на драмата, што таму некаде ја проживуваат синовите на проклетата апулија.

Пред крајот на Првата светската војна, меѓу маслинките и лозјата во едно зафрлено селце на југот на Италија, две жени одлучиле да ја сменат судбината на тукушто родениот Витантонио Палмизано, надевајќи се дека така ќе го заштитат од семејното проклетство и смртта за време на војна. Како дваесет и прв во редицата машки во фамилијата Палмизано, Витантонио го замениле по раѓањето и го воспитувале како брат близнак на Џована Конвертини, родена истиот ден во една од најбогатите фамилии во Апулија. Витантонио и Џована заедно растеа, врзани со тајната, а војната изгледа како некој далечен, одамна заборавен кошмар.

Ама облаците на новата, уште покрвава Втора светска војна се појавуваат на хоризонтот и се закануваат да уништат сè што една храбра и пожртвувана мајка се обидела да зачува. Палмизанови е италијанска трагедија, што се одвива меѓу владеењето на Мусолини и надежите за ослободувањето, запишана од мајсторското перо на реномираниот каталонски писател Надал…

Незаборавна сага за две семејства и за едно момче кое се бори против судбината…

Приказна за пријателството, војната, соперништвото, за невозможната љубов на двајца кои веруваат дека се брат и сестра.

Цена: 400 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Проклетството на Палмизанови

Категории: ,
ИСБН: 978-608-253-119-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Проклетството на Палмизанови”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in