Протеини во исхраната

Автор: П.Ф. Фокс
Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Food proteins | Бр. на страни: 376 | Димензии: 152x235 | Корица: /

Оваа книга е збирка на трудови од Меѓународниот симпозиум на фондацијата „Келог“ за протеини во исхраната, одржан во септември 1981 година во Колеџот „Корк“, Република Ирска. Темата на симпозиумот е контроверзна и секогаш омилена за дискусија кај научниците што се занимаваат со храна. Ова се должи на големата важност што ја имаат протеините во секојдневната исхрана, а уште повеќе што се смета дека во храната ги има во недоволни количини, понатаму, комерцијалното значење на нивното производство како додатоци во храната со висока биолошка вредност и важноста на протеините при одредувањето на функционалните својства на храната.
Авторите направиле избор од најважните трудови и ги обработиле во едно навистина важно издание. Патрик Ф. Фокс е професор на Одделот за млечна и за прехранбена хемија при Колеџот „Корк“, а Џ.Џ. Кондон е истражувач при истиот колеџ. Тие ги обработуваат темите за проценка на светската понуда на протеини, трите основни производи кога станува збор за протеините (млекото, месото и житарките), хранливото значење на протеините и можностите за примена на генетски инженеринг при производството на протеини.
Кога станува збор за протеините, благодарение на ова дело, читателите имаат можност да ги споредат сегашните трендови со трендовите од минатото и да анализираат во која насока се развивале работите. Ова, секако, помага за предвидување во која насока ќе се движат работите во иднина.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1900 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Протеини во исхраната

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-026-3

1 оценка за Протеини во исхраната

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in