Процена на градби за прилагодлива повторна употреба и заштита
Во САД трошоците за реновирање на градбите се еднакви на трошоците за изградба на нов објект. Голем дел од овие трошоци се однесуваат на подготовката на постојната градба за нејзината нова намена. Задачата на ова издание е да ве води низ еден таков проект.
Авторите на книгата (проф. Џ. Стенли Рабун за историска реставрација, технологии за реставрирање и за структури на градбите и проф. Ричард М. Келсо за енергија и одржливост, системи за контрола на амбиентот, изведување објекти и за интеграција на технологијата во дизајнот, двајцата од Универзитетот во Тенеси, Ноксвил) се одлучиле за нејзина организираност по принципот на човечкиот скелет (внатрешни органи, артерии, вени) што кореспондира на системите за градба (градежни, механички, електрични и водоводни инсталации). Системите во една градба се меѓусебно поврзани и функционираат заедно, слично како во човечкото тело. Запазувајќи го тој принцип и самата книга е со поглавја што се меѓусебно поврзани, давајќи ни преглед за статусот и за состојбата на постојните објекти, со што ни помагаат да донесеме одлука во врска со потенцијалите за нејзина повторна употреба.
Главните чинители за кои е наменета оваа книга се агентите за недвижности, архитектите, изведувачите и сопствениците на зградите, особено за оние што се почетници во оваа област. Овие професионалци постојано се надоградуваат за да можат што полесно да го идентификуваат потенцијалот на една градба, кои системи може повторно да се употребат, што треба да се подобри или замени со нови системи, а сето тоа со цел да се овозможи профитабилност на објектот.
Пред да се впуштите во авантурата наречена реставрација, обновување, приспособување, или наречете ја како ви годи вам, може да ви дадеме само една единствена препорака: Земете здив длабоко и прочитајте ја оваа книга за авантурата да стане уживање.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на arhitektura@arslamina.com.
1 review for Процена на градби за прилагодлива повторна употреба и заштита
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –