Раскази и повести

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Вечера на хуторе близ диканЬки Миргород; Петербургские повести | Num. of pages: 415 | Dimensions: 20 | Cover: мека

Николај Василевич Гогољ (1809 – 1852) е еден од најталентираните и најавтентичните руски писатели. Живее и твори на преминот меѓу две големи книжевно-историски епохи: романтизмот и реализмот, при што неговите дела ги имаат карактеристиките на двата правци. Важи за „татко на руската проза“, за автор, благодарение на кој во руската книжевност ќе доминира романот во однос на поезијата цел век потоа. Неговото творештво стои во основите на модерната европската проза, како претходник на Кафка (со оглед на тоа што во неговото дело доаѓа до израз модерната психологија на несвесното), но и како мајстор на гротеската.Неговото дело претставува хроника, документ на едно време и на една конкретна историска епоха, но иако тоа дело е проникнато со типично руска атмосфера, Гогољ успеал да создаде нешто општочовечко, универзално и вонвременско. Неговата најголема заслуга можеби лежи во проширување на границите на човековото знаење и фантазијата. Или, како што истакнуваат критичарите, служејќи се со контрасти, Гогољ ни укажа на сличностите на нашиот свет со пеколот, на истоветноста меѓу сонот и јавето, на алогичното и баналното како клучни во нашето малечко постоење, на невозможното како возможно и на танката линија што го дели лудилото од уметноста.Полни со имагинација и безвремени, расказите и повестите на Гогољ остануваат свежи и значајни денес исто толку колку што биле во времето кога се појавиле.

Price: 315 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Раскази и повести

Category:
SKU: 978-608-223-410-6

Questions and Answers

You are not logged in