Раскази (Избор)

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 424 | Димензии: 20 cm | Корица: /

/Најголемиот дел од расказите објавени во овој избор се од Нотесот со скици на Џофри Крејон. Тоа се вистински бисери во кои живописниот реализам и историјата се здружуваат со извонредната фантазија и со восхитувачката дескриптивна поезија во сонливата атмосфера на чудесните и натприродни случувања. Свежината на природата што ја опишува Ирвинг и онаа хумористична наивност, впрочем, повеќе уметничка отколку реална, се вонвременски и никогаш нема да застарат. Ирвинг нè восхитува со својот нов и автентичен стил. Тој ја знае, ја цени и извонредно ја користи вредноста на зборовите поставени на вистинското место и по вистинскиот редослед, и живиот шарм на услупно нанижаните реченици со кои толку вешто и прецизно умее да ни наслика некој лик или да ни опише, до најситните нијанси, некој убав пејзаж.

Две карактеристики се заштитни знаци на О’Хенри: неочекуваните пресврти на ситуацијата во завршницата и неочекуваните пресврти во природата на главните ликови. Приказната почнува и се одвива во една насока и, токму кога читателот мисли дека може да го предвиди крајот, тој ја свртува во сосема спротивна насока. Таквиот развој на настаните го имаме и во двата негови можеби најпознати раскази, што се означени како антологиски, Подарокот на светите кралеви и Откупувањето на Црвениот главатар.

Цена: 315 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Раскази (Избор)

Категорија:
ИСБН: 9786084721222

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Раскази (Избор)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in