Разбирање на потрошувачката
Книгата дава преглед на нови истражувања за заштеда и потрошувачка, област во
која во последната деценија е постигнат значителен напредок. Од обидите на економистите да ги разберат карактеристиките на штедењето и потрошувачката произлезе една од најдобрите науки во економијата. Повеќе од педесет години постоела сериозна емпириска и теоретска активност, а податоците, теоријата и стратегијата биле одделени како што се случило во многу гранки на економијата. Истражувањето привлекло микроекономисти заинтересирани за однесувањето на домаќинството, како и макроекономисти за кои однесувањето на вкупната потрошувачка отсекогаш имало главна улога во објаснувањето на вкупните
флуктуации.
Економетричарите, исто така, дале посебен придонес и постојано се јавувале нови методологии развиени од оние што работеле на заштедата и потрошувачката, економетријата на временски серии, како и на истражување на микроподатоци и панел податоци.
Тука е претставен кохерентен опис на овие видови развој, истакнувајќи го заемното дејство меѓу микро и макро, меѓу истражувањата на серии и панели и оние што користат вкупни податоци на временски серии.
Ангус Дитон е Вилијам Чрч Озборн (William Church Osborn), професор по јавни
работи и професор по економија и меѓународни работи на Универзитетот „Принстон.”
„Во последните години лесно може да се забележи експлозија на економетриски
анализи на потрошувачката... Ангус Дитон стоел зад тоа и е на врвот. Нема подобар начин да се биде современ.” Алан С. Блиндер, Универзитет Принстон
„Книгата претставува впечатливо дело за интегрирање на согледувањата достапни
од многу извори, потпирајќи се на теоријата, на економетриските докази, како и на
микроекономските и макроекономските модели. ʽРазбирање на потрошувачкатаʼ е
прегледна, интуитивна и еминентно читлива.” Марџори Флавин, Универзитет Калифорнија, Сан Диего
„ʽРазбирање на потрошувачкатаʼ е маестрално дело ... не само што придонесува за
нашето разбирање на реалниот свет туку и ја открива возбудата на интелектуалната потера.” Стенли Фишер, МИТ
„Ангус Дитон напишал извонредна книга... Ќе се покаже како бесценета за
истражувачите и за студентите.” Н. Грегори Манкив, Издавачка куќа Харвард
Оценки
Сѐ уште нема оценки.