Разделба
Автор:
Силвија Араси
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
La separación |
Бр. на страни:
117 |
Димензии:
21
|
Корица:
мека
Отсуство. Што да се прави со тој празен простор, со таа тишина што обзема сè? Како да се издржат бесконечните секунди во кратките секојдневија, кога некој веќе не е присутен каде што секогаш бил? Едно утро, Лусија се буди и гледа во човекот што спие покрај неа – како и секое утро во последните петнаесет години. Но, во следните неколку часови, тој човек ќе биде нејзиниот поранешен сопруг и ќе го напушти нејзиниот кревет, нејзиниот дом, нејзиниот живот. 295Преку својата јасна и воодушевувачка проза, Силвија Араси нè вклучува во секојдневието на протагонистката, во нејзините емотивни состојби и нејзините спомени. Ликот на Лусија ќе го препознаваме секогаш кога отсуството ќе биде дел од нашите животи.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.