Разговори во Париз

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Razgovori u Parizu | Num. of pages: 352 | Dimensions: 13×20 | Cover: /

Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, имаат седнато најзначајните писатели од втората половина на XX и од почетокот на XXI век. Обидувајќи се низ разговорите со нив да направи нивни портрети, таа креирала и слика на епохата. Отсекогаш сме сакале да дознаеме што повеќе за најголемите автори. Современи класици, нобеловци, влијателни мислители и исклучителни креативци што оставиле огромна трага во литературата и надвор од неа се распостилаат себеси во овие исклучителни дијалошки профили. На страниците од книгата исцртани преку нивните зборови, се откриваат фасцинантни животни ставови и размисли. Ова е еден патоказ во светот во кој современиот човек не знае каде попрво да се сврти. Драмата на постоењето и борбата за човековото достоинство може да се учат од нивните животи и дела, како и постојаноста, духовноста, љубовта кон Речта, и спасот што таа го носи со магичното дејство. „Разговори во Париз“ е мисла за убавината на животот, важноста на зборовите, судбоносната леснотија на сеќавањето и трагата што ја оставаме за идните генерации. Некогаш мислите на писателите се предупредувања што може да го снајде човештвото, а некогаш преку нив се искажува голема верба во човекот и неговата работа.

Price: 400 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Разговори во Париз

Category:
SKU: 978-608-243-432-2

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Разговори во Париз”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in