Размислувај како монах

Автор: Џеј Шети
Издавач: Паблишер | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Think like a monk | Бр. на страни: 356 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Да размислуваш како монах значи да размислуваш како најуспешниот и највлијателниот мудрец на денешницата! Додека растел во околина полна со сомнежи за неговиот успех, одбрал да ја следи сопствената извонредна интуиција, па наместо да присуствува на свеченоста за дипломирањето на факултетот, заминал во Индија за да стане монах. По тригодишна неуморна потрага по себеси, додека им помагал на сите околу него, го напушта монашкиот живот со цел глобално да ја рашири својата мудрост. И успева во тоа! Видеата на неговиот видеоканал, лансиран во 2016 година, имаат над 4 милијарди прегледи. Ова го прави еден од најгледаните луѓе на интернет во целиот свет. Супермоќта на Џеј Шети не е само во тоа што успеал да го разбуди монахот во себе, туку и во тоа што својата мудрост ја прави достапна за секого. Неговата незаменлива книга-водич „Размислувај како монах“ ќе ги подготви сите храбри луѓе да ги истражат длабочините на својата душа и да му подарат на светот сè убаво што спие неоткриено во нив. Апстрактните лекции, совети и вежби собрани во оваа инспиративна, прониклива, длабока и практична книга се доказот дека секој може и секој треба да размислува како монах. Спојувајќи ја древната мудрост со искуството што го стекнал во ашрамот, Шети ни открива како да се ослободиме од негативните мисли и да се препуштиме на смиреноста која лежи во сите нас. Тој докажува дека секој може – и треба – да размислува како монах. Разумно борете се со секојдневните предизвици! Да се размислува како монах повеќе не е избор, туку потреба!

Цена: 600 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Размислувај како монах

Категорија:
ИСБН: 978-608-4892-46-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Размислувај како монах”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in