Разноверци : меѓурелигискиот соживот на село во Западна Македонија : студија од областа на социокултурната антропологија
Author:
Марчин Лубаш
Publisher:
Македонско Студентско Етнолошко Друштво |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Разноверци : меѓурелигискиот соживот на село во Западна Македонија : студија од областа на социокултурната антропологија |
Num. of pages:
433 |
Dimensions:
30
|
Cover:
/
Најопшто земено, предметот на овој труд е општествениот соживот помеѓу разноверците во регионот Долна Река, лоциран во долината на реката Радика, која ги пресекува планинските масиви на централно-западниот дел на Република Македонија (државата понатаму во трудот се именува едноставно „Македонија“). Посебно внимание му посветувам на административниот центар на регионот – селото Ростуше, во кое населението говори на македонски јазик, а се припадници на две монотеистички религии: муслимани (сунити) и православни христијани. Студијата се заснова врз етнографскиот материјал собран при истражување на терен во Македонија последните 10 години, најпрво во главниот град на земјата, Скопје, а од 2006 година – во Ростуше и во неколку блиски места лоцирани во регионот на Долна Река.
Reviews
There are no reviews yet.