Регенерација на ткива и органи кај возрасни

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Tissue and organ regeneration in adults | Бр. на страни: 384 | Димензии: 24 см | Корица: /

Ова е книга во која за прв пат еден автор ја обработува темата за синтеза на ткива и на органи „in vivo“. Проф. д-р Јоанис В. Јанас е професор на Катедрата за биолошко инженерство на Технолошкиот институт во Масачусетс. Има работено како консултант за многу приватни компании и е член на многу комитети во состав на Институтот. Добитник е на многубројни награди и признанија. Последната, во 2007 година, му е доделена од групацијата на предавачи по биологија Матрикс од Лондон. Инженерингот на ткиво е прва биоинженерска дисциплина којашто експлицитно ја интегрира молекуларната биологија со физика и со хемија. Преку него се истакнуваат истражувањата на „in vivo„ и на „in vitro„ синтези на новите ткива и органи. Материјалот што е обработен во ова издание е јасно претставен и, веројатно, ќе наиде на голема прифатеност од страна на студентите и на истражувачите на оваа област. Во содржината нема да најдете листа од протоколи, туку целосен преглед на ова поле и резиме од импресивната лабараториска работа на авторот во областа на регенерацијата на ткивата од кожата и од нервите. Во книгата, исто така, прикажана е опширна библиографија и база на независни податоци за регенерација на органи, за прв пат собрани на едно место и претставени табеларно, што дава можност за директна компарација.

Цена: 1700 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Регенерација на ткива и органи кај возрасни

Категории: ,
ИСБН: 978-608-229-136-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Регенерација на ткива и органи кај возрасни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in