Регенерација на ткива и органи кај возрасни

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2010
Original title: Tissue and organ regeneration in adults | Num. of pages: 384 | Dimensions: 24 см | Cover: /

Ова е книга во која за прв пат еден автор ја обработува темата за синтеза на ткива и на органи „in vivo“. Проф. д-р Јоанис В. Јанас е професор на Катедрата за биолошко инженерство на Технолошкиот институт во Масачусетс. Има работено како консултант за многу приватни компании и е член на многу комитети во состав на Институтот. Добитник е на многубројни награди и признанија. Последната, во 2007 година, му е доделена од групацијата на предавачи по биологија Матрикс од Лондон. Инженерингот на ткиво е прва биоинженерска дисциплина којашто експлицитно ја интегрира молекуларната биологија со физика и со хемија. Преку него се истакнуваат истражувањата на „in vivo„ и на „in vitro„ синтези на новите ткива и органи. Материјалот што е обработен во ова издание е јасно претставен и, веројатно, ќе наиде на голема прифатеност од страна на студентите и на истражувачите на оваа област. Во содржината нема да најдете листа од протоколи, туку целосен преглед на ова поле и резиме од импресивната лабараториска работа на авторот во областа на регенерацијата на ткивата од кожата и од нервите. Во книгата, исто така, прикажана е опширна библиографија и база на независни податоци за регенерација на органи, за прв пат собрани на едно место и претставени табеларно, што дава можност за директна компарација.

Price: 1700 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Регенерација на ткива и органи кај возрасни

Categories: ,
SKU: 978-608-229-136-9

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Регенерација на ткива и органи кај возрасни”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in