РЕГУЛАТИВИ НА ЕВРОПСКАTA УНИЈА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКА ВО ЦАРИНСКАТА ТАРИФА
Автор:
Даниел Монев
Издавач:
ЈАСС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
РЕГУЛАТИВИ НА ЕВРОПСКАTA УНИЈА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКА ВО ЦАРИНСКАТА ТАРИФА |
Бр. на страни:
322 |
Димензии:
16,2 x 24 cm
|
Корица:
мека
Овој прирачник претставува збирка од сите регулативи на Европската унија кои се во сила, односно кои се применуваат во Европската унија во моментот на печатење на прирачникот, а кои се однесуваат за распоредување на одредена стока во Комбинираната номенклатура. При изработката на прирачникот се прегледани сите објавени регулативи за распоредување, судски одлуки на Европската унија и други регулативи со кои се укинуваат или се изменуваат регулативите за распоредување. Регулативите за распоредување почнале да се објавуваат од 1969 година. Во прирачникот се наведени 820 различни видови стока. Согласно со Законот за Царинската тарифа, во Царинската тарифа на Р. Македонија е вградена Комбинираната номенклатура на Европската унија која е идентична до осумцифрениот тарифен подброј на Царинската тарифа на Р. Македонија. Законски основ за примена во Р.Македонија на регулативите на Европската унија за распоредување на одредена стока во Комбинираната номенклатура е член 1 став 1 од „Уредбата за применување на регулативите на Комисијата на Европските заедници за распоредување на одредени стоки во Комбинираната номенклатура" („Службен весник на Република Македонија" број 76 од 2007 година).
Оценки
Сѐ уште нема оценки.