Рулет

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Rulet | Num. of pages: 176 | Dimensions: 13х21 | Cover: /

Во Хрватска има 50.000 регистрирани хронични зависници од коцка. Годишно на овој порок се трошат речиси милијарда евра. Во Загреб, град кој сè повеќе е блиску до апатија, на секој чекор никнуваат нови коцкарници кои даваат најпрецизна слика за осиромашеното население – таму ќе најдете многумина кои ги „отпишала“ берзата, „луѓе без својства“, додека очајнички ги предаваат на судбината последните влогови и последните надежи. Еден бунтовен човек меѓу останатите коцкари ќе одлучи со необична игра да го надитри рулетот, општеството, судбината, околината. Но играта е возбудлива и многу болна. „Рулетот просто се наметнува со својата достапна метафора. Да се надмудри замката на коцкањето, не е само опсесија на коцкарите – во конкретниот случај главни протагонисти на романот – туку и на секој од нас, кој фатен во кафезот на сопствените неврози, се надева на формулата за суверенитет над сопствениот живот. Во приказна како Рулет, на крајот, сепак, секој добива.“Борис Периќ Книгата Рулет е добитник на Европската награда за литература во 2012 година. Лада Жиго (1970) е хрватска писателка и новинарка. Дипломирала компаративна литература и философија. Пишувала за најважните медиуми од Република Хрватска. Авторка е на една книга со кратки раскази и на три романи.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 200 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Рулет

Category:
SKU: 978-608-4507-49-9

Questions and Answers

You are not logged in