Сага за македонските воени пилоти

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Сага за македонските воени пилоти | Num. of pages: 222 | Dimensions: 17x24 | Cover: /

Мошне интересна книга, умешно структуирана, со биографски прилози и со документарни новинарски статии за македонските воени пилоти, преку кои се отсликани создавањето и развојот на военото воздухопловство на Армијата на Република Македонија. Претставени се биографиите на бригадните генерали Миле Манолев и Звонко Стојановски, генералот Ангел Ончевски, полковниците Кире Колевски, Горан Здравковски, Драган Арнаутовски, потполковниците Владимир Лазаров, Дане Илијевски, Александар Манев и на капетаните Никола Петковски и Часлав Спасовски-Чале. Преку животниот пат, школувањето, високата обученост, професионалната посветеност и пред сѐ патриотизмот на македонските воени пилоти читателот може да согледа како го создаваа и го развиваа военото воздухопловство, елитниот сегмент на Армијата на Република Македонија.

Особено интересна е претставената акција на македонските воени пилоти за задржување на дел од леталата при повлекувањето на армијата на ЈНА од територијата на Република Македонија; нивното расклопување, криење и повторно склопување, за ставање во функција на македонското воено воздухопловство. Соодветен простор е одделен за повредите на македонскиот воздушен простор од грчки авиони, демонстрација на закани и притисок во процесот на меѓународното признавање на државната независност на Република Македонија. Прикажана е реалната ситуација во која беа поставени македонските воени пилоти при учеството во изведувањето на борбените дејства за време на агресијата извршена од Косово и за придонесот што го имаше военото воздухопловство во рамките на АРМ во заштитата на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Како историски настан се означени преземањето и одржувањето на контролата на воздушниот простор над Република Македонија, односно „македонското небо“, како што пишуваат авторите.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 300 ден

9 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Сага за македонските воени пилоти

Category:
SKU: 978-608-243-229-8

1 review for Сага за македонските воени пилоти

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in