Санитарна енигма
Author:
Јасна Котеска
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2020
Original title:
/ |
Num. of pages:
290 |
Dimensions:
13×20
|
Cover:
/
Дали санитарноста е моќ; дали моќта има санитарен извор? Кој е економот што ја стопанисува територијата на чистото? Како се вика лекарот што ја лечи раната на нечистата совест во исто време додека ја загадува? Каква е врската меѓу сапунот и фашизмот? Зошто секоја колонијална империја најпрвин се воспоставува како хигиенска империја? Какво решение за третманот на „чистата“ крв им понуди Дизни на современите телевизиски воени могули? Кога и зошто е криминализиран сметот? Зошто модерниот град е роден од спорот со анималните, животворни импулси? Зошто радоста подразбира блискост и валканост? Како сексуалноста и санитарноста меѓусебно се поврзани? Зошто не постои желба што е по мерка на културата? Кој сон Фројд одби да го толкува и зошто? Дали постои празен субјект и што е содржината на неговата супстанција? Ова се дел од прашањата што студијата „Санитарна енигма“ ги отвора за промислување.
Reviews
There are no reviews yet.