Сантос блуз
Автор:
Ненад Алексовски
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Сантос блуз |
Бр. на страни:
107 |
Димензии:
21 см
|
Корица:
/
„Не ја сакам зимата во Македонија. Посебно кога знам дека за неколку недели, додека тука ќе има метар снег, а потоа и растопена грда снежна маса испомешана со кал, јас ќе бидам таму далеку каде што во јануари има метар коктели на плажа.“
„Сантос блуз“ е првиот книжевен наслов на Ненад Алексовски, една мошне динамично раскажана „отплата“ на личниот долг кон повеќе страсти истовремено: патувањето, музиката, театарот... Овој можен портрет на модерниот номадизам (географски, професионален и емоционален) има хибридна форма на дневник, патопис, роад-роман и блуз-проза. Како што вообичаено се повторуваат првите два стиха во блузот, така се повторуваат и деновите, месеците,.. времето во оваа лесно читлива новела за не толку лесните нешта во нашите животи. „Сантос блуз“ ги сецира моментите кога чувството на едно големо „ништо“ се трансформира во моќна инспирација.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.