Се спушта самрак врз скалила стари
Author:
Александар Чудаков
Publisher:
Антолог |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Ложится мгла на старые ступени |
Num. of pages:
642 |
Dimensions:
13x20
|
Cover:
мека
На границата помеѓу Сибир и Казахстан е притаен еден малечок град што некој од врвот на власта го прогласил за зафрлено место погодно за прогонство на неподобните граѓани. Меѓутоа, градот, кој во романот се нарекува Чебачинск, е вистинска оаза. Tолкаво количество интелигенција на единица површина во 50-тите и во 60-тите години на минатиот век немало ниту во Москва, Париз или во Бостон. Во периодот на владеењето на Сталин, семејството на Чудаков се преселува од Москва во тоа зафрлено место, по своја волја, без да чека да биде прогонето. Неколку поколенија живеат и работат таму заедно, во едно големо сложно семејство, кое поминало сè – војни, револуции, репресии – но издржало, не се скршило и успеало од колено на колено да им пренесе на децата – вера, сила, светол разум, неверојатно душевно благородство.
Ова е, веројатно, последниот роман на векот што замина. Не е важно што се појави во овој век – според сè, припаѓа на тој страшен век што однесе милиони невини животи и не даде одговор за тоа.
Се спушта самрак врз скалила стари во 2011 година ја доби наградата „Руски Букер“ за најдобар руски роман во првите десет години од XX век.
„Неверојатна книга за тоа како под болшевичките стеги се зачувала вистинска Русија“.
Андреј Немзер
2 reviews for Се спушта самрак врз скалила стари
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
в в (verified owner) –