Се викам Дамјан
Автор:
Сузана Тратник
Издавач:
Блесок |
Јазик:
Македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Ime mi je Damjan |
Бр. на страни:
153 |
Димензии:
20 см
|
Корица:
/
Романот „Се викам Дамјан“ од Сузана Тратник беше првпат објавен во 2001 год., авторката според него напиша и монодрама, а романот доживеа преводи на германски, чешки, словачки и српски јазик. Во 2014 год. беше преобјавен како дел од проектот „Растам со книгата“ на Јавната агенција за книга на Словенија со кој 22 илјади примероци од романот им беа поделени на учениците од прва година во словенечките средни училишта. Сузана Тратник во соработка со познатата словенечка режисерка Маја Вајс според романот напиша сценарио за долгометражен филм што наскоро ќе започне со снимање. Романот „Се викам Дамјан“ е култен роман во современата словенечка книжевност, омилен и кај помладата и кај постарата читателска публика. Се работи за роман кој на автентичен и оригинален начин го поставува прашањето на родовиот и социјалниот идентитет кај младиот човек, соочен со предизвиците на секојдневјето и на времето во кое созрева. Светот на младиот Дамјан, кој се родил како Весна, бунтовник со причина, се врти околу семејните несогласувања, социјалните служби и психолозите. Имено, Дамјан никој не го разбира: ни родителите, ни девојката, ни пријателите. Во својата осаменост прибегнува кон дрогата и алкохолот, како и кон насилството. На тој начин се спротивставува на оние што со своите очекувања вршат притисок врз него и го присилуваат да биде тоа што не е. Но Дамјан не може и не сака да попушти. Дамјан сака да го пронајде сопствениот пат. Романот „Се викам Дамјан“ отвора бројни прашања: и психолошки, и социјални, и егзистенцијални, и општествени. Тоа е роман за младиот човек на нашето време и за светот во кој живее, не секогаш по своја волја, но на сопствена одговорност.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.