Седумте мажи на Евелин Хуго

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: The seven husbands of Evelyn Hugo | Бр. на страни: 399 | Димензии: 21 см | Корица: /

Возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега?

Моник не е баш на врвот на светот. Сопругот ја напуштил, професионалниот живот ù е во ќор-сокак.

И покрај тоа што не знае зошто Евелин ја избрала да ја напише нејзината биографија, Моник е решена да ја искористи можноста и да почне своја кариера.

Моник е поканета во луксузниот апартман на Евелин, каде што фасцинирано слуша додека актерката ù ја раскажува нејзината приказна. Од пробивот во Лос Анџелес во педесеттите до нејзината одлука да го напушти шоу-бизнисот во осумдесеттите години и, секако, седумте сопрузи попатно, Евелин раскажува приказна за безмилосни амбиции, неочекувано пријателство и голема забранета љубов. Моник почнува да чувствува вистинска поврзаност со легендарната ѕвезда, но како приказната на Евелин се приближува кон крајот, станува јасно дека нејзиниот живот се испреплетува со оној на Моник на трагичен и неповратен начин.
Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 450 ден

16 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Седумте мажи на Евелин Хуго

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-312-7

1 оценка за Седумте мажи на Евелин Хуго

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан

    Прекрасна книга, обработува доста актуелни теми.
    Ликот на Евелин Хуго долго време останува во сеќавање

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in