Семејството на Паскуал Дуарте
Камило Хозе Села (Camilo José de Cela y Trulock, 11 мај 1916 – 17 јануари 2002) е еден од најзначајните и најчитани шпански писатели, добитник на Нобеловата награда за литература во 1989 година за неговата „раскошна и интензивна проза
што низ воздржана сочувствителност обликува предизвикувачка визија за човековата ранливост“.
Во 1942 година, на дваесет и шест годишна возраст, го објавува Семејството на Паскуал Дуарте, роман кој веднаш го промовира во предводник на новата генерација шпански писатели, подоцна носејќи му и статус на востановувач на тремендизмот во шпанската литература – натуралистички стил кој го комбинира реализмот на Бенито Перез Галдос и социјалниот роман од триесеттите, едновремено обновувајќи го автентично шпанскиот дух на пикареските од XVII век.
Краткиот роман е претставен како приреден препис од последните белешки на
насловниот лик кој, чекајќи ја својата смртна казна, се навраќа на нештата што го натерале да ги изврши злосторствата за кои е обвинет. Но како што се ближи кон крајот на својот отпрво ветувачки исказ, читателот, секогаш во потрага по недвојбени мотиви, е принуден сè повеќе и повеќе да се снаоѓа зад превезот
на недореченото и магливите концепти како „лоша ѕвезда“ и „судбина“. Објавен во 1942 година – што, според многу критичари, е само едно од нештата што ги дели со КамиевиотСтранец – "Семејството на Паскуал Дуарте" го открива зачетокот на многу техники карактеристични за Села – вербалната ноншалантност, балансираниот хумор, гротексното насилство – и коренито го освежува веќе уморниот реализам на Шпанија на прагот на уште еден бурен период од нејзината историја
Оценки
Сѐ уште нема оценки.