Семејството во османлиското општество

Publisher: Алманах | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Osmanlı Toplumunda Aile | Num. of pages: 272 | Dimensions: 21x13,5 | Cover: мека

   Семејството во османлиското општество од реномираниот турски историчар и почесен член на МАНУ, Илбер Ортајли, е исклучително дело од областа на историјата на правото на османлиската држава, во кое тој прецизно ја отсликува структурата на севкупниот правен и социјален живот на семејството како основна клетка на некогашното османлиско општество.    Во ова дело можеме да ги следиме сите специфичности, разлики и сличности на семејствата од различни заедници. Така, дознаваме како живееле Арапите, маронитите или мелкитите од Блискиот Исток, како сунитските граѓани или алевитските турски селани од Анадолија и како се одвивал семејниот живот кај православците во Румелија, која административно ја покривала територијата на географска Македонија.     Делото дава приказ и на венчалните обреди и некои аспекти од функционирањето на институцијата на бракот, како и одговори на прашањата зошто полигамијата не пуштила корени кај османлиските муслимани, на кој начин се воспитувале и школувале децата и со какви церемонии била одбележувана умирачката?     По книгата Повторно откривање на Османлиите од  истиот автор, во издание на издавачката куќа „Алманах“, ова дело е уште едно драгоцено четиво, не само за проучувачите на овој социјално-правен сегмент од историјата на османлиската држава, туку и  за сите што сакаат да се информираат за една интересна, но речиси непозната тема од минатото, која во македонската историографија досега комплексно не е обработувана. 

Price: 400 ден

2 in stock

Compare
Sold By Алманах

Report an abuse for product Семејството во османлиското општество

Category:
SKU: 978-608-4794-01-1

Questions and Answers

You are not logged in