Севда и гревот на Јов
Author:
Лилјана Пецова-Илиеска
Publisher:
Просветно дело |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
Севда и гревот на Јов |
Num. of pages:
71 |
Dimensions:
20 см
|
Cover:
/
„Севда и гревот на Јов“ е плутање по свеста на самосозревањето, на другото себепостоење и коплексна рефлексија на копнежот. Љубовта, за лирскиот субјект, е молчење, спокојство, во неизговореното, во слеаноста, љубов која секогаш завршува со горлив копнеж кој, кај читателот продолжува во ехо на крик, во фатумско само/разрешување. Изгорот и страста се стиснуваат и се пресекуваат во трезвената немоќност, во моралот, но и во недоволниот агенс од страна на „Јов“. Тоа е еден од гревовите на Јов. Од друга страна, и лирското, подвоено Јас, може да се чита како Јов, оти „никој нема сопствен храм,/ако нема во душата срам“. Тоа се рефлектира во дел од песните кои се во делот на ангажираната поезија, во делот на моралот, етичноста и хуманоста. - Емилија Матаничкова
Reviews
There are no reviews yet.