Шапката на волшебникот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Trollkarlens hatt | Бр. на страни: 178 | Димензии: 21см | Корица: тврда

Еден пролетен ден Муминтрол, Снусмумрик и Сниф тргнуваат во потрага по нешто необично. На еден планински врв наоѓаат висока, црна шапка.

Наскоро ќе се покаже дека мистичната шапка има волшебна моќ. Сè што се става во неа се преобразува во нешто друго: лушпите од јајца стануваат розови облачиња на кои може да се седи и лета, а куќата на Мумините се претвора во џунгла. Но еден ден се случува нешто страшно. Муминтрол се покрива со шапката додека играат криеница, а кога излегува од неа никој не го препознава. Тој е претворен во чудно суштество со големи уши и долга опашка. Што ќе се случи сега со него?

Шапката на Волшебникот е третата книга на финско-шведската писателка Туве Јансон од серијата за Мумините. Таа е возбудлива приказна за едно прекрасно и чудно лето кое семејството на Мумините никогаш нема да го заборави.

Цена: 280 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Шапката на волшебникот

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-784-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Шапката на волшебникот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in