Шест прошетки низ наративната шума

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Six walks in the fictional woods | Бр. на страни: 152 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Издадена пред само две децении, веќе влијателната студија под наслов „Шест прошетки низ наративните шуми“ е публикација на шест предавања на Умберто Еко одржани на Универзитетот „Харвард“ во Соединетите Американски Држави во рамките на програмата „Чарлс Елиот Нортон“.

Убеден во излишноста на емпирискиот автор и во улогата на читателот при создавањето и пресоздавањето на секое уметничко дело, со препознатливо вештиот талент на раскажувач и со својот уште попрепознатлив хумор, Умберто Еко ги расплетува замрсените конци од кои е составен текстот – независно дали се работи за бајка или за народна приказна, за Нервал или за По, за Флобер или за Мики Спилејн. И, наскоро, она што на почетокот изгледа дека ги исцртува непремостливите бездни меѓу нивните дела се чини дека е истото што и ги поврзува: базичните механизми на продуцирањето на еден текст.

„Шест прошетки низ наративните шуми“ е книга посветена на интерпретирањето на наративните текстови, на постапките на создавање на книгите и нивната функција во животот на секој човек. Аналогно на резултатите од анализата, Еко го повикува читателот да стане соработник и при читањето на оваа студија – обложувајќи ја на тој начин пелиновата чаша на книжевната теорија со медот на пријатното белетристичко искуство.

Цена: 200 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Шест прошетки низ наративната шума

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-077-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Шест прошетки низ наративната шума”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in