Што кажува секое тело

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: What every body is saying | Бр. на страни: 259 | Димензии: 21 | Корица: мека

Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навистина се согласува? Интервјуто помина одлично – или сепак не?

Прочитајте ја оваа книга и развијте ја својата невербална интелигенција. Џо Наваро, поранешен агент на ФБИ и стручњак за невербална комуникација, објаснува како брзо и ефикасно да ги „прочитате“ луѓето: да им ги одгатнете чувствата и мислите, да препознаете кога ве лажат и да ги избегнете скриените замки. Ќе дознаете и како говорот на вашето тело влијае врз мислењето што надредените, семејството, пријателите и другите го имаат за вас. Ќе откриете:

- кои се древните инстинкти за преживување што го поттикнуваат говорот на телото;
- зошто од лицето најтешко се читаат вистинските чувства на личноста;
- што ни откриваат гестовите со палците, стапалата и очните капаци;
- кои се најмоќните гестови што ја откриваат нашата самодоверба;
- како можеме да поттикнеме доверба или авторитет.

Џо Наваро, наречен „ловец на шпиони“ и „човечки детектор за лаги“, ни открива многу примери од своето професионално искуство покажувајќи ни како да ги разбираме мислите и намерите на луѓето, да ги откриваме и дешифрираме нивните невербални реакции за да можеме поуспешно да комуницираме со нив. За работа или за задоволство, Што кажува секое тело нуди моќно знаење што го збогатува и унапредува животот.

Цена: 400 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Што кажува секое тело

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-705-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Што кажува секое тело”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in