Синиот час

Original title: Синиот час | Num. of pages: 320 | Dimensions: 21 | Cover: мека

Откако ќе ѝ се остварат сите соништа во животот, младата и славна писателка од Њујорк Лола Карпентер доживува тежок емоционален пад по смртта на своите родители и на сопругот Ед. Тогаш сфаќа дека сите желби кои ги остварила биле само проекции и очекувања на нејзините родители од неа. За одново да се пронајде себе и да го воспостави контактот со својата автентична природа, решава да замине на подолг престој на еден од грчките острови во јонското море, со цел да почувствува вистински мир. Притоа, не сака никој да ја препознае. Но само што ќе пристигне на островот, нејзиниот план тргнува во сосема неочекувана насока откако на една од вечерните забави во хотелот кадешто престојува ќе го запознае шармантниот сурфер Џек кој важи за страствен додворувач и навидум живее лесен и едноставен живот на плажата без никакви грижи. Не можејќи да одолеат еден на друг, Лола и Џек се впуштаат во авантура за која ниту на крај на умот немаат претстава каде ќе ги одведе. Нивната луда страст наскоро ќе почне да преминува во љубов за која ниту двајцата не се вистински подготвени. Тој ќе го разбуди во неа сето она што никој претходно не успеал да го разбуди, а таа ќе му го сруши концептот за тоа што е вистинска љубов. Меѓутоа Џек носи товар од минатото и крие длабока, мрачна тајна која не сака Лола да ја дознае, а таа има недовршена работа со својата стара љубов. Откривањето на тие тајни ќе ја чини цената на нивната љубов и ќе ги стави пред предизвик за чие надминување е потребно вистинско жртвување. Но кој ќе ја направи жртвата? Од тој миг нивните животи ќе се претворат во вртоглави метежи се до нивната следна, неочекувана средба. Возбудлива приказна, чии страници нема да ве остават на мир!

Price: 350 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By КупиКнига

Report an abuse for product Синиот час

Categories: ,
SKU: 978-608-10-0692-6

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Синиот час”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in