Синови и љубовници
Автор:
Дејвид Х. ЛОРЕНС
Издавач:
Арс ЛИБРИС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
494 |
Димензии:
135х200
|
Корица:
/
Романот Синови и љубовници на Д. Х. Лоренс е еден од најраните и најистакнати модернистички примери во светската литература на книжевно вообличување на проблематиката на фројдовското поимање на сексуалноста. Но, не само тоа. Тој може да се чита на неколку различни нивоа: како роман за љубовта и сексуалната привлечност меѓу половите и своевидна студија за Едиповиот комплекс, како психоаналитичка автобиографска сеанса, како реалистична анализа на општествената состојба во британските рударски региони во почетокот на ХХ век, како одбрана на маргинализираните и поинаквите, како студија на карактери, како апологија на природноста и книжевен израз на пејзажната убавина, како психолошка семејна драма...
Таквата комплексност придонела овој роман заедно со контроверзниот роман Љубовникот на леди Четерли од истиот автор, да се вбројат меѓу најчитаните и највлијателни книжевни остварувања на дваесеттиот век, да се најдат во фокусот на интересирање на многубројни критичари и коментатори, да предизвикаат голем број расправи и толкувања, филмски адаптации и друг вид реплики и експертизи. Двата романа во времето на објавата предизвикале бурни скандали и отпори, а денес се неизоставна белетристичка лектира, нашироко прифатена како неоспорна книжевна вредност.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.