Системи за бази на податоци: Комплетна книга
Хектор Гарсија-Молина е професор по компјутерски науки и по електротехника на Универзитетот „Стенфорд“. Неговите истражувања се во насока на дигиталните библиотеки, интеграцијата на информациите и интернет-апликации со бази на податоци. Член е на управниот одбор на компанијата „Оракл“.
Џефри Д. Улман е професор по комјутерски науки на Универзитетот „Стенфорд“ и член на Националната академија за инженерство.
Џенифер Видом е, исто така, професор по компјутерски науки и електротехника на Универзитетот „Стенфорд“. Нејзините истражувања се повеќе насочени кон нетрадиционалните форми за управување со податоци. Член е на Националната академија за инженерство.
Првите 12 поглавја се теорија за системите со бази на податоци, а во продолжение се разработуваат принципите за нивна имплементација. Дел од материјалот е разработен делумно и се дадени насоки кон дополнителна специјална литература за детално проучување. За секое поглавје има одреден број вежби, при што потешките се означени со еден или со два извичника, во зависност од нивната тежина.
За да ја искористите оваа книга до максимум, пожелно е претходно да имате одредени предзнаења за алгебарски изрази и закони, логика, основни податочни структури, објектно-ориентирани програмски концепти и за програмски околини.
Последователно, поглавје по поглавје, се разработуваат следниве теми: светот на системите со бази на податоци, релациски модел на податоци, теорија за негов дизајн, високо-нивовски бази на податоци, јазици со алгебарски и со логички прашалници, јазик за бази на податоци SQL, ограничувања и активатори, погледи и индекси, SQL во сервер-околина, напредни теми во релациони бази на податоци, модел со полуструктурни податоци, програмски јазици за XML, управување со секундарно складиште, индексни структури, извршување прашалник, преведувач на прашалници, справување со системски откажувања, управување со конкурентноста, управување со трансакции, паралелни и дистрибуирани бази на податоци, интегрирање информации, податочно рударење, системи со бази на податоци и Интернет.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
2 оценки за Системи за бази на податоци: Комплетна книга
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Joe Halach (верификуван корисник) –