Системи за бази на податоци: Комплетна книга

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2009
Original title: Database Systems: The Complete Book | Num. of pages: 1336 | Dimensions: 170x243 | Cover: /

Хектор Гарсија-Молина е професор по компјутерски науки и по електротехника на Универзитетот „Стенфорд“. Неговите истражувања се во насока на дигиталните библиотеки, интеграцијата на информациите и интернет-апликации со бази на податоци. Член е на управниот одбор на компанијата „Оракл“.
Џефри Д. Улман
е професор по комјутерски науки на Универзитетот „Стенфорд“ и член на Националната академија за инженерство.
Џенифер Видом
е, исто така, професор по компјутерски науки и електротехника на Универзитетот „Стенфорд“. Нејзините истражувања се повеќе насочени кон нетрадиционалните форми за управување со податоци. Член е на Националната академија за инженерство.
Првите 12 поглавја се теорија за системите со бази на податоци, а во продолжение се разработуваат принципите за нивна имплементација. Дел од материјалот е разработен делумно и се дадени насоки кон дополнителна специјална литература за детално проучување. За секое поглавје има одреден број вежби, при што потешките се означени со еден или со два извичника, во зависност од нивната тежина.
За да ја искористите оваа книга до максимум, пожелно е претходно да имате одредени предзнаења за алгебарски изрази и закони, логика, основни податочни структури, објектно-ориентирани програмски концепти и за програмски околини.
Последователно, поглавје по поглавје, се разработуваат следниве теми: светот на системите со бази на податоци, релациски модел на податоци, теорија за негов дизајн, високо-нивовски бази на податоци, јазици со алгебарски и со логички прашалници, јазик за бази на податоци
SQL, ограничувања и активатори, погледи и индекси, SQL во сервер-околина, напредни теми во релациони бази на податоци, модел со полуструктурни податоци, програмски јазици за XML, управување со секундарно складиште, индексни структури, извршување прашалник, преведувач на прашалници, справување со системски откажувања, управување со конкурентноста, управување со трансакции, паралелни и дистрибуирани бази на податоци, интегрирање информации, податочно рударење, системи со бази на податоци и Интернет.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(2 customer reviews)

Price: 3990 ден

5 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Системи за бази на податоци: Комплетна книга

Category:
SKU: 978-608-4535-62-1

2 reviews for Системи за бази на податоци: Комплетна книга

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

  2. Rated 5 out of 5

    Joe Halach (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in