Скршнувања

Издавач: Слово | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Скршнувања | Бр. на страни: 84 | Димензии: 20 cm | Корица: /

Станува збор за поетска книга која доаѓа по порано објавените десетина романи и пет книги поезија на овој автор. Книгата донесува обемен поговор од академик Катица Ќулавкова под наслов „Некои белези на поезијата на Димитар Башевски“. Покрај другото, во својот аналитичен текст, потсетувајќи и на досегашните согледби од други критичари, таа заклучува дека може да се сумира дека поезијата на Башевски има психолошка димензија, дека тој како поет тематски е опседнат со парадоксалните и менливи идентитети на поразот и подвигот, дека поетскиот израз се стреми кон едноставност и комуникативност, дека поетот се труди да се огледа во колективното искуство и меморија и него да го отслика во своето лично искуство, дека песните на Башевски го постигнуваат идеалот канонизиран од Конески за „простата македонска песна“, дека идејниот и значењски простор се протега, не без драматичност, меѓу две точки, естетската и етичната, меѓу убавото и доброто итн.                 Освен неговите романи, кои се објавувани во повеќе изданија во земјата и преведувани надвор, исто така и неговите поетски книги се објавени во странство на неколку европски јазици.

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Слово

Report an abuse for product Скршнувања

Категорија:
ИСБН: 9989-103-33-3

Questions and Answers

You are not logged in