Скршнувања
Author:
Димитар Башевски
Publisher:
Слово |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Скршнувања |
Num. of pages:
84 |
Dimensions:
20 cm
|
Cover:
/
Станува збор за поетска книга која доаѓа по порано објавените десетина романи и пет книги поезија на овој автор. Книгата донесува обемен поговор од академик Катица Ќулавкова под наслов „Некои белези на поезијата на Димитар Башевски“. Покрај другото, во својот аналитичен текст, потсетувајќи и на досегашните согледби од други критичари, таа заклучува дека може да се сумира дека поезијата на Башевски има психолошка димензија, дека тој како поет тематски е опседнат со парадоксалните и менливи идентитети на поразот и подвигот, дека поетскиот израз се стреми кон едноставност и комуникативност, дека поетот се труди да се огледа во колективното искуство и меморија и него да го отслика во своето лично искуство, дека песните на Башевски го постигнуваат идеалот канонизиран од Конески за „простата македонска песна“, дека идејниот и значењски простор се протега, не без драматичност, меѓу две точки, естетската и етичната, меѓу убавото и доброто итн. Освен неговите романи, кои се објавувани во повеќе изданија во земјата и преведувани надвор, исто така и неговите поетски книги се објавени во странство на неколку европски јазици.
Questions and Answers
You are not logged in