Славенички на тесмофории
Автор:
Аристофан
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2014
Оригинален наслов:
Славенички на тесмофории |
Бр. на страни:
115 |
Димензии:
21 cm
|
Корица:
/
Атинските жени, лути на навредите што Еврипид постојано им ги упатува во своите трагедии, решаваат да го казнат познатиот трагедиограф и за тоа да се советуваат на собрание, коешто, без учество на мажи, ќе го одржат во храмот Тесмофорион, на женскиот празник Тесмофории. Убеден дека ќе го осудат на смрт доколку на собирот нема присутен некој кој би можел да го брани, Еврипид успева да го наговори својот тест Мнесилох, тој да замине на овој женски собир и да ги застапува и брани интересите на својот зет. Мнесилох, престорен во жена, заминува на собирот...
Според согледувањата на многу филолози и теоретичари на книжевноста, Славенички на Тесмофории е веројатно најдобрата комедија што Аристофан ја создал. Внимателно структурирана, урнебесно смешна и нурната во проблеми што и современите читатели (или гледачи) ги препознаваат како актуелни, драмата ги поттикнува модерните критичари да ја оценат како брилијантна, најинтересна од сите Аристофанови драми, скапоцен камен во круната на Аристофановото творештво, светско ремек-дело, итн.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.