Слепиот музичар
Во делата на В. Короленко (1853-1921) преовладуваат лирски мотиви и поетски пејзажи, но човечките чувства секогаш се во преден план. Преведен е на многу јазици, а некои од неговите дела се екранизирани, меѓу кои и неговото најпознато дело – „Слепиот музичар“.
Во „Слепиот музичар“ авторот го поставува прашањето: што е човечката среќа? На едноставното прашање одговорот не е едноставен. Короленко суптилно, чекор по чекор, како вистински психолог, проникнува во светот на својот главен херој кој е роден слеп. Тој живее во тесен и ограничен свет, лишен од радоста на светлината и шаренилото на боите. Може ли човекот роден со инвалидитет, лишен од некое важно сетило или орган во целост да го живее животот и да се оствари на секое поле од животот? Како може слепиот човек да знае по кој пат да тргне кога многу често и оној што гледа не го избира вистинскиот пат? Тежок е патот за самосознавање и патот до среќата на слепиот главен лик, „во потрагата по светлината“...
Reviews
There are no reviews yet.