Слугинки

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: The Help | Бр. на страни: 566 | Димензии: 21 | Корица: мека

Три навидум обични жени ќе направат нешто сосем необично.

Дваесет и тригодишната Скитер се враќа дома по дипломирањето на Универзитетот на Мисисипи. Можеби донела диплома, но тоа е 1962 година и мајка и нема да биде задоволна додека не види прстен на раката на ќерка си. Скитер би побарала утеха кај својата мила слугинка Константина, но таа исчезнала од светот под таинствени околности. Ејбелин е црна слугинка, мудра жена со достоинствено однесување, која го одгледува своето седумнаесетто бело дете. Нешто се скршило во неа откако и загинал саканиот син, а нејзините работодавци вооштво не трепнале поради тоа. Предано го одгледува девојчето што и е доверено, иако знае дека на свете им е скршено срцето. Мини, најдобрата пријателка на Ејбелин, е дебела и ниска жена со најдолгиот јазик во Мисисипи. Надалеку е позната како извондредна готвачка, но со својот јазик е во состојба да „зготви“ големи неволи поради кои платила со едно отпуштање од работа. Нова работа ќе најде кај луѓе кои од неодамна живеат во градот и не слушнале ништо за нејзиниот лош углед. Но и тие имаат свои тајни. Навидум сосем различни, приказните на трите жени се испреплетуваат додека тајно се среќаваат и ставаат на коцка се што имаат за да се ослободат од задушливите граници што им ги определуваат нивниот град и времето во кое живеат. Зошто границите некогаш постојат токму за да бидат пречекорени.

Овој безвремен бестселер до денес е објавен во 35 земји, продаден е во повеќе од седум милиони примероци и поминал повеќе од сто недели на листата на бестселери на Њујорк тајмс.

Трогателен роман што зрачи хумор и надеж, „Слугинки“ е безвремена и универзална приказна за правила на кои им се покоруваме и правила што едноставно мора да ги заобиколиме.

Цена: 630 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Слугинки

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-10-0958-3

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Слугинки”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in