Слушам кај шумат шумите

Издавач: ФОЛКОНИКА | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Слушам кај шумат шумите | Бр. на страни: 16 | Димензии: 21Х31 | Корица: мека

Прва музичка фолк сликовница за деца во детското издаваштво кај нас. Сликовницата е уникатна со својот концепт, зошто за прв пат се прави ваква илустрација на македонска народна песна, каква што е „СЛУШАМ КАЈ ШУМАТ ШУМИТЕ“, направен според анализа на реномиран музички педагог Бајса Арифовска, исполнувајќи ги целите, да биде прифатлива и со текст и тема за децата. Целта е да се даде придонес кон зачувување на македонското музичко фолклорно творештво и тоа да им се понуди на децата во една форма, која ќе биде прифатлива за нив, за да го засакаат и продолжат да го негуваат, како наше национално богатство. Сликовницата на своите страници го содржи текстот на песната и нотни записи за истата, распоредени според строфите на страниците. За поголемо естетско доживување на песната и содржината, направени се уникатни илустрации- уметнички дела, од младата академска сликарка Маја Димитрова, автентични на текстот од строфите, со кои се заокружува целата приказна на песната, за да допре до децата од најмалата возраст и да остане врежана во нивната меморија.Ликовното и графичко уредување го направи Елена Димитрова.Сликовницата е вистинско естетско-музичко доживување за децата, со својот дизајн и колорит, со кој со сигурност ќе ги плени детските срца и ќе можат да пеат, свират и читаат.

Цена: 180 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач Фолконика

Report an abuse for product Слушам кај шумат шумите

Категории: ,
ИСБН: 978-608-66759-0-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Слушам кај шумат шумите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in