Смрт во Бреслау
Author:
Марек Крајевски
Publisher:
Бегемот |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
/ |
Num. of pages:
285 |
Dimensions:
195x125
|
Cover:
мека
Романот Смрт во Бреслау е првата книга којашто се појави во новата едиција на Бегемот, Мрачна серија, којашто ќе содржи романи од жанрот „интелигентни криминали“. Тоа е романот којшто му донесе огромна слава на Марек Крајевски, голем број награди и преводи на бројни странски јазици.
Тоа е книгата којашто го создаде Мок.
Вроцлав, мај 1933 година. Потресно злосторство. Масакрирани тела на две жени. Таинствен натпис напишан со крвта на жртвите. И насекаде скорпии. Идеален случај за Еберхард Мок.
Во мрачниот Вроцлав, каде што во секој сокак злосторниците и убијците ја чекаат својата жртва, владее насилство и корупција. Угледници на високи функции се оддаваат на комар и разврат, поткупливата полиција се бори за власт. Во градот заразен со хитлеровската доктрина, еден комесар ужива во доста нетипична разонода. Игра шах (според свои правила) со прекрасни разголени девојки. Тоа е Мок, којшто од домот на раскошот може да го извлече само наредно злосторство.
2 reviews for Смрт во Бреслау
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Дефинитивно една од најдобрите криминалистички саги. Еберхард Мок е феноменално избраден лик којшто во читателот поттикнува различни чувства, на моменти го мразиме, на моменти го обожаваме. Со нетрпение го очекувам наредниот роман. Бојан