Смртта е непроверена гласина
Емир Кустурица е култно име кога ќе се спомне филм. Нофактот што Емир Кустурица, е автор на биографска книга, е благо речено интригантен. „Смртта е непроверена гласина“ е дневник составен од седумнаесет поглавја и исто толку автентични, провокативни и неверојатни приказни во кои Кустурица ги разголува своите размислувања, стравувања, радости, грижи, љубов, непризнавање, триумфи, пријателства, политика, дилеми... со еден збор сè што му се случувало, од детето кое поаѓа на училиште па до денес.
Во овој дневник што го дава на увид на целата јавност кажува дека е син на Сенка и Мурат Кустурица, дека филмски татко му е Федерико Фелини, а литературен Иво Андриќ.
Од испишаните редови, ништо не е измислено во оваа книга. Вистински се настаните, личностите, политичките збиднувања, причините за војната во Босна, кој, каде, зошто и кому му припаѓал и што правел, а со вистински имиња се и неговите пријатели од Сараево. Буквално провокативно. И што е најбитно има вкус на шампањско: пивливо, со меурчиња, и брзо те опива. Токму така, најдобро би можело да се опише ова ремек дело на „маестро“ Кустурица.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.