Сонцето понекогаш
Author:
Емил Калешковски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2005
Original title:
Сонцето понекогаш |
Num. of pages:
85 |
Dimensions:
120х170
|
Cover:
/
Во оваа книга, која содржи педесетина песни, се забележува отвореноста на поетот кон сите постмодернистички текови. Токму високата доза иронија, пародичниот однос кон референтот, десакрализаторските тенденции, па дури и самоиронијата, се доволен доказ за постмодернистичките струења во неговиот поетски дискурс. Калешковски преку своите поетски остварувања комуницира, а пред сè реплицира на повеќе текстови од македонски и светски автори, користејќи ја интертекстуалноста како форма на израз. Поигрувајќи си со книжевните и со другите конвенции и вредности, поетот ја разнишува баналната и брутална логика на реалноста и создава своја, единствено валидна имагинативна логика.
Questions and Answers
You are not logged in