СОВЕТОТ НА ЕВРОПА – вредности, стандарди и државни интереси
Author:
Петар Поп - Арсов
Publisher:
2-ри Август |
Language:
Македонски |
Year:
2019
Original title:
СОВЕТОТ НА ЕВРОПА – вредности, стандарди и државни интереси |
Num. of pages:
392 |
Dimensions:
25
|
Cover:
тврда
Советот на Европа е најстарата и најголемата европска политичка организација базирана врз принципот на меѓувладина соработка. Заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото ги претставуваат трите основни столба врз кои што се потпира Организацијата. Овие три столба претставуваат почетна точка од која започнува создавањето и надградбата на вредностите и стандардите на Советот на Европа. Сето ова со право го детерминира Советот на Европа како организација која што претставува извор, креатор и заштитник на највисоките општествени стандарди и човекови вредности. Ваквиот лик на Организацијата создава генерална перцепција дека се работи за идеална и совршена организација во која што демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права имаат апсолутен примат и доминација над сите останати интереси кои што се карактеристични за современото општество. Во оваа книга се анализира токму моментот на непосреден контакт помеѓу споменатите вредности и државните интереси на земјите членки. Гледано низ призма на теоријата, секоја земја членка на Советот на Европа би требало по автоматизам и без никакви пречки да ги прифаќа и имплементира вредностите и стандардите на Советот на Европа во рамките на својот севкупен општествен систем. Но, дали е тоа така?
Reviews
There are no reviews yet.